Вест која нема да израдува многумина: ЕУ можеби ќе исфрли една намирница од медитеранската исхрана, а еве зошто

Точка

29/01/2024

15:16

4.805

Големина на фонт

а а а

Научниците размислуваат да го исфрлат црвеното вино од медитеранската исхрана, која се промовира како најздрава диета на светот.

Заедно со рибата, маслиновото масло, свежото овошје и зеленчукот, црвеното вино во умерени количини отсекогаш се сметало за една од причините за подолг животен век на Јужноевропејците, бидејќи соединенијата кои се наоѓаат во лушпите од грозје можат да помогнат во заштитата од срцеви заболувања, рак и деменција. Медитеранската исхрана обично препорачува една мала до две чаши црвено вино дневно со оброците.


Но, некои истражувања сугерираат дека не постои безбедна количина на алкохол и дека целосната апстиненција е најдобра.

Европскиот совет за истражување финансирал 4-годишна студија во која учествувале 10.000 Шпанци за да се види како умереното консумирање вино влијае на здравствените проблеми како што се срцевите заболувања, ракот и дијабетесот.


Д-р Мигел Мартинез-Гонзалес, кој го води истражувањето на Универзитетот Навара во Памплона, Шпанија, минатиот месец објави труд со наслов „Дали треба да го елиминираме виното од медитеранската исхрана?“. Имено, неговото истражување сугерира дека на тој начин би се намалила ефикасноста на диетата, но тој се плаши од поттикнување на луѓето на прекумерно пиење.

Доколку Европската унија ги прифати заклучоците на д-р Мартинез-Гонзалес и неговиот тим, црвеното вино повеќе нема да се наоѓа на листата на намирници вклучени во медитеранската исхрана, пишува „Daily Mail“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг