Годинава вкупниот Јавен долг ќе ја надмине максималната зацртана граница од 60% од БДП. Од следната година “на врата ќе тропнат“ за отплата Еврообврзниците. Прашањето за одржливост на Јавниот долг стана актуелно и проблематично од 2020 та кога започна и трендот на пораст.
Од 2018 та година, според пресметката на “Порталб“ вкупниот Јавен долг е зголемен за повеќе од 2 милијарди евра.
План на Владата за управување со долговите...
Отплата на стари долгови, државни гаранции за заеми, позајмици за проекти на централно и на локално ниво – сите овие фактори годинава ќе го “напумпаат“ вкупниот Јавен Долг. Според владиниот план зацртан во новата ревидирана Стратегија за управување со Јавен долг 2024-2026 , оваа година висината на вкупното задолжување ќе ја надмине максималната граница од 60%. Конкретно, Јавниот долг се очекува да достигне историско ниво од 61,7% од БДП.
“Јавниот долг до крајот на 2023 година се предвидува да е во пропишаните рамки под 60% од БДП , а во 2024 година ќе го надмине максималниот праг од 60%, но како резултат на мерките на фискална консолидација, од 2025 до 2028 година се предвидува повторно враќање во пропишаните рамки под 60% од БДП “ се наведува во документот на Министерството за финансии.
Извор: Стратегија за управување со Јавен долг 2024-2026
Она што може да биде “ризично“ е гарантираниот државен долг кој ги опфаќа заемите на централно и на локално ниво за кои гарантира државата. Овој долг според планот за годинава не смее да надмине 15% од БДП.
“Издадените државни гаранции претставуваат потенцијална обврска за Буџетот на државата, односно постои ризик од зголемување на трошоците за сервисирање во случај на нивно активирање. Во таа насока, за периодот 2024-2028 година се утврдува лимитот нивото на гарантираниот јавен долг да не надмине 15% од БДП“ – се потенцира во Стратегијата.
Од следната година отплата на Еврообврзници...
“Порталб“ повикувајќи се на податоци од Фискалната стратегија 2024-2028 веќе објави дека оваа и следните години по основ на домашно и странско задолжување доспеваат за отплата суми кои ќе надминат 1 милијарда евра на годишно ниво. Годинава за отплата ќе имаме нешто повеќе од 700 000 000 евра а веќе од следната на “врата ќе тропнат“ отплатите и на Еврообврзниците. Во 2025 та ќе треба да исплатиме 500 000 000 евра по основ на Еврообврзницата издадена во 2018 та година.
Извор: Стратегија за управување со Јавен долг 2024-2026
Освен Еврообврзниците ќе се отплаќаат и заеми по други основи поради што следната година по основ на вкупните доспеани обврски кон странство и дома ќе треба да платиме скоро 1,24 милијарди евра а во 2026 та сумата ќе достигне 1,37 милијарди евра.
Според последните расположливи податоци, на крајот на третиот квартал од 2023 та година Јавниот долг изнесувал 8 032 000 000 евра или 55,3%. Третнот на позначаен пораст на Јавниот долг започна во 2020 та година со почетокот на Ковид – кризата а овој тренд продолжи во следните години поради економската криза. Во 2019 та година Јавниот долг изнесуваше 49,2% а веќе следната 2020 та достигна ниво од 59,7%.
Извор: МФ
Од 2018 та година до крајот на септември лани, Јавниот долг е зголемен за 2,8 милијарди евра. Одржливоста на Јавниот долг изминатите години стана клучно економско прашање пред се поради растечкиот тренд во услови на криза а од друга страна скромни стапки на економски раст, недоволни за да ги “хранат“ буџетските апетити.