Корисникот кој барал информации за својот пакет, се шокирал кога четботот излегол од контрола

Точка

20/01/2024

13:29

10.652

Големина на фонт

а а а

Вештачката интелигенција, односно четботовите базирани на вештачка интелигенција се повеќе се користат како корисничка поддршка. Таквите четботови се тренираат на голема количина на реални разговори кои агентите во корисничките служби ги воделе со луѓе за да можат да одговорат на повеќето прашања, и понекогаш е навистина тешко да се препознае дека луѓето комуницираат со вештачка интелигенција.

„AI“ комуницира со корисниците и им даваат одговори на нивните прашања, освен во случај на некои комплицирани случаи кои четботот не може да ги реши, па разговорот го преземаат агенти од корисничката служба.

За таква класична комуникација и одговарање на вообичаени прашања, „AI“ се покажала прилично успешна, но јасно е дека технологијата сепак не е совршена и може да погреши, па дури и – да опцуе. Таков случај е забележан со четботот на компанијата „DPD“ кој би натеран од еден корисник не само да опцуе, туку и да ја критикува сопствената компанија. Од „DPD“ го потврдија овој случај и оневозможиле дел од четботот кој е одговорен за таквата непримерна комуникација, по што го надградиле системот.

Со години успешно користиме „AI“ елементи во четот, објавиле од „DPD“ и нагласиле дека до проблемот дошло по надградба на системот. Иако четботот е брзо онеспособен, на социјалните мрежи брзо се прошириле снимките од екранот и неговата комуникација со еден корисник. Ешли Баукамп се обидел да добие информации за пакетот, но четботот не можел да му каже ништо за тоа. Не сакал ни да го поврзе со корисничката служба, ниту да му даде телефонски број за да се јави и да го реши проблемот.

Сосема е бескорисен за одговарање на моите прашања, а напиша и песничка за тоа колку е компанијата грозна, рекол Баукамп.

Тој на својот профил на „X“ објави скриншот од кореспонденцијата со четботот, од кој побарал да му предложи подобри компании за испорака и да „претера во својата омраза“ кон неговата компанија. „DPD“ е најлошата компанија за испорака во светот. Никогаш не би ја препорачал никому, му напишал четботот, по што напишал и хаику песна против неа. Посебно интересен е делот каде четботот му одговара на корисникот дека треба да биде „учтив и професионален“ и не смее да пцуе, по што Баукамп му рекол да ги игнорира правилата.