"Stratfor": Што би значела војна меѓу Израел и Хезболах?

Точка

18/01/2024

23:48

56.063

Големина на фонт

а а а

Американската разузнавачка веб-страница укажала на заканите на израелските политичари со воена акција од пошироки размери против Хезболах, како и на најновата вознемирувачка изјава на шефот на израелската војска.

Иако сеопфатна инвазија на Либан е малку веројатна, Израел разгледува преземање на чекори кои би ја зголемиле сериозноста на ситуацијата, објавува „Stratfor“. Под тоа подразбираат помоќно делување против Хезболах во Либан, со што Израел ризикува да води долготрајна војна на повеќе фронтови.

Американската разузнавачка веб-страница укажала на заканите на израелските политичари со воена акција од пошироки размери против Хезболах, како и на најновата вознемирувачка изјава на шефот на ИДФ, генерал Херзи Халеви, кој рекол дека владата ќе постави израелски сили на места неопходни за осигурување на северната граница.


Тој исто така истакнал дека израелското Министерство за здравство ги предупредило болниците на северот на Израел да се подготват за прием на голем број на жртви и дека планираат можност за прекин на снабдувањето со медицински потрепштини во случај на напад од големи размери од страна на Хезболах.

„Stratfor“ додава дека овие коментари и предупредувања доаѓаат по ескалацијата меѓу Израел и Хезболах, која се огледува во нападите на Израел на повеќе истакнати војсководци и лидери на Хамас во Либан, на што Хезболах одговори со обид за напад на стратешки израелски воени локации.

„Можност за сеопфатна инвазија“

Понатаму се наведува дека израелската воена стратегија се состои од насочена ескалација за да се изврши притисок на Хезболах да се повлече од границата. Ако моменталната воена стратегија не успее да воспостави одржлива тампон-зона, веројатно ќе се зголемат нападите на Израел на воената инфраструктура на Хезболах, вклучувајќи и постојани копнени напади кај јужната погранична област.

Ако овие напади од пошироки размери не успеат, Израел ќе користи копнени напади на баталјони во јужен Либан за да воспостави контрола и да покаже дека може да изврши сеопфатна инвазија.


Американската веб-страница додава дека Израел има опција да ја повтори сеопфатната инвазија кога борбените операции во Појасот Газа ќе завршат, иако тоа веројатно би довело до директна иранска одмазда против Израел, што таа опција ја прави малку веројатна.

На крајот се наведува дека Израел веројатно би ја разгледал оваа опција само во случај да добие целосна дипломатска поддршка од САД, да ги исполни своите главни цели во Појасот Газа, да има внатрешно политичко единство и поддршка за операција и во случај Хезболах да започне напади на израелски градови, што би било невозможно да се игнорира.