Чајот од ловоров лист има широка примена, но најмногу се користи за смирување на кашлицата.
Ловоровиот лист е богат со калиум, бакар, манган, калциум, железо, цинк, магнезиум, селен и витамин Б. Поради тоа тој со години се користи за лекување на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, ревматизам, нервози и несоници.
Во последно време најмногу ловоровиот лист се користи за смирување на кашлицата. Ловоровиот лист има својство на јакнење на имунитетот, но и прочистување на дишните патишта.
Како правилно да сварите чај од ловоров лист?
Три свежи или суви ловорови листа, исечкајте ги на помали парчиња, па прелијте ги со 2,5 децилитри вода и варете 10 минути, па процедете.
Кога малку ќе се излади, додадете една лажица лимонов сок и една лажица домашен мед. Пијте до три шолји дневно од чајот.
Предности од чајот од ловоров лист
- Ловоровиот лист содржи антибактериски и антимикробни својства
- Подобрување на имунолошкиот систем затоа што е добар извор на витамин А, витамин Б6 и витамин Ц.
- Чајот од ловоров лист може да ги ублажи болките во стомакот.
- Чајот од ловоров лист е многу ароматичен, што може да помогне во ублажување на притисокот во синусите или затнатиот нос.
- Ловоровиот лист дава добри резултати доколку се користи за инхалација или дезинфекција.