Актерката Никол Кидман го „потресе тлото“ на Њујорк кога се појави на премиерата на серијата „Margo's Got Money Trouble“ во необична креација на позната модна куќа.
Актерката Никол Кидман навистина знае како да привлече внимание и сите погледи и дефинитивно знае како да го носи она што малкумина би се осмелиле да го облечат.

Таа се појавила на премиерата на „Margo's Got Money Trouble“ во Њујорк и приредила модно издание кое било смело, но несомнено елегантно.
Добитничката на Оскар се појави во впечатлива црна тоалета која имаше проѕирни делови со испреплетени црни детали кои дискретно ја откриваат кожата.

Централниот дел од фустанот е сребрен и го нагласува овој смел ефект на фустанот потсетувајќи малку на лушпи.
Миди фустанот со долги ракави е дизајниран од модната куќа „Schiaparelli“, а кројот ја следи линијата на телото.
Таа ја собрала косата во лежерна и неуредна фризура со шишки. Бидејќи фустанот е доволно впечатлив, шминката не е премногу агресивна.


Ви се допаѓа ли ова модно издание на Никол Кидман?







