Дали Дедо Мраз и Свети Никола се иста личност? Легендите кружат, а ова е одговорот

Точка

29/12/2023

16:43

5.611

Големина на фонт

а а а

Дали сте знаеле дека Дедо Мраз не е исто што и Свети Никола од причина што тој е световна, а не духовна појава. Меѓутоа, Дедо мраз, можеби сосема случајно или не, има црвена наметка како и Свети Никола, ги сака и дарува деца и има долга и седа брада.

Свети Никола е опишан како буцкаст и дебел, вистински стар весел човек со минијатурни санки …

Глобално општоприфатеното име на Дедо Мраз доаѓа од името Свети Никола на англиски јазик. Свети Никола за првпат се појавил во ликот на Дедо Мраз на 23 декември 1823 година, откако во Троја, Њујорк била објавена анонимната авторска поема „Посетите на Свети Никола“.

Песната подоцна му била припишана на Клемент Кларк Мур. Многу модерни атрибути на Дедо Мраз се воспоставени во оваа поема, како што се возењето на санките кои слетуваат на покривите, влегување од оџак и носење торба полна со играчки.


Свети Никола е опишан како „буцкаст и дебел весел старец“ со „мал заоблен стомак“ кој „се тресе како чинија полна со желе кога се смее“, и покрај тоа што „минијатурните санки“ и „малите ирваси“ сè уште покажуваат дека Дедо Мраз исто така е мал.

Празникот Свети Никола денес има големо значење во целиот свет. Бидејќи во некои земји преовладува неговиот „роднина“ Дедо Мраз, увезен од Америка, дошло до комерцијализација. Во подалпските земји и региони денот на Свети Никола се поврзува со Крампус, обичај чие потекло потекнува од германско-словенската традиција.

Додека на православните икони е претставен како висок човек во препознатлива црвена наметка, со епископска митра на главата и стап во раката, како ги дарува децата со подароци од вреќа, потрошувачкото општество тоа малку го „зачинило“.


Црвената наметка останала, како и долгата сива брада, но биле вметнати ирваси, кои ја влечат санката со која Дедо Мраз патува низ светот.

Денешниот Дедо Мраз

Како што минувале годините, Дедо Мраз еволуирал во голема, крупна личност од популарната култура. Еден од првите уметници кој го дефинирал модерниот изглед на Дедо Мраз бил Томас Наст, американскиот карикатурист од 19 век.

Во 1863 година, сликата на Дедо Мраз која ја насликал Наст се појавила во најпопуларното американско неделно списание. Приказната дека Дедо Мраз живее на Северниот Пол можеби е и дело на Наст.


Неговата божиќна слика од 29 декември 1866 година била колаж од гравури наречен Дедо Мраз и неговите дела.