[ФОТО] Мода, стил, убавина...кои изгледи на познатите ја одбележаа годинава што изминува?
Можеби добар дел од годинава што изминува беше одбележан од штрајкот во Холивуд, но и покрај тоа се одржаа голем број на настани проследени со доделување на награди.
Оскарите, Модните недели, Мет Галата и сличните збиднувања донесоа многу стајлинзи што ќе останат запаметени - како од облека, така од шминка и фризура и сето она што ја чини модната естетика.
Некои од нив отидоа малку подалеку, но токму затоа ни останаа врежани во сеќавањата.
Да видиме дел од дамите кои оставија најголем впечаток во 2023-та.
Рита Ора
Појавувањето на Рита Ора со 3Д украс во форма на хромиран рбет, на црвен тепих. Детаљ којшто досега не сме го виделе.
Памела Андерсон
Памела направи нешто неочекувано, но може да се каже и револуционерно, реши да ја отфрли шминката, па во повеќе наврати се појавуваше со сосема природен изглед.
Доџа Кет
Едноставно не можеме да ја заборавиме фамозната ревија на Скијапарели и моментот кога ја видовме Доџа Кет, целата во црвени кристали од глава до пети.
Марго Роби
Barbie си го направи своето,ставајќи ја розовата повторно на пиедестал, а за тоа заслужна беше Марго која освен розовиот аутфит, ни го донесе барби изгледот и во шминката.
Ријана
Ријана посебно не изненади годинава со раѓањето на второто синче и секако со стајлингот на Мет галата со гигантски бели цветови околу нејзиното лице.
Хелен Мирен
Една од холивудските икони, Хелен Мирен ни покажа дека и на 78 години е во ред да се појавиш со сина коса на црвениот тепих и да бидеш уникатен.
Ким Кардашијан
Без Ким едноставно не може да помине листата, а овој пат тоа е поради фризурата во форма на неуредна пунџа со прамени околу лицето која стана голем тренд откако Кардашијан ја прошета на Мет галата.
Хејли Бибер
Последниве месеци Хејли Бибер, покрај многуте тренди моменти, го покрена изгледот strawberry girl, со којшто се става акцент на свежа и блескава кожа, нагласена со руменило во боја на јагода.
















