[ФОТО] Објавена мапа на најризични земји за патување во 2024 година – каква е состојбата со Македонија?

Точка

22/12/2023

17:16

18.681

Големина на фонт

а а а

„International SOS“ објави мапа на најризични земји за патување во 2024 година. Оваа мапа е изработена според ризиците од криминал, потоа општествени и политички немири, а годинава меѓу ризиците сместено е и влијанието на климатските промени на туристите.

Украина, Јужен Судан, Либија, Сирија, Ирак, Јемен, Авганистан, Централноафриканска Република и Сомалија се означени како земји со екстремен ризик.

Финска, Швајцарија, Луксембург, Словенија, Данска и Норвешка имаат безначаен безбедносен ризик, па тие се идеални дестинации за патување.


Кога станува збор за Македонија, и таа е означена како земја со ниско ниво на ризик за патување, баш како и поголем дел од државите во Европа.

„International SOS“ тврди дека Израел и појасот Газа се меѓу земјите со среден ризик, што е поприлично чуден податок со оглед на моменталната ситуација таму.

Мали, Буркина Фасо, Нигерија, Судан, Етиопија и Пакистан спаѓаат меѓу државите со зголемен безбедносен ризик.

Комплетната мапа на држави може да ја погледнете ТУКА.