[ВИДЕО] Два совети од шминкерка за младешки изглед: Оваа грешка ја правиме кога нанесуваме сенка за очи

Точка

07/12/2023

19:15

5.362

Големина на фонт

а а а

Стареењето е неизбежно, но начинот на којшто ја нанесувате шминката може да ви помогне да го одржите младешкиот изглед.

Шминкерка на социјалната мрежа ТикТок споделила совети со кои вашиот тен ќе изгледа младолико.

Ерика Тејлор се осврнала на вообичаената грешка кога станува збор за нанесување на сенка за очи.

„Немојте да нанесувате сенка така што ќе ставите светла боја насекаде. Тоа ќе ги направи вашите очи да изгледаат „како прашина“ и уморно, а сенката нема да издржи туку ќе падне по целото лице“, започнала Ерика и додала:

„Наместо тоа, ајде да направиме место за малку коректор како база за сенка за очи“.

Исто така таа ги советувала корисниците да користат една сенка со среден тон наместо повеќе светли нијанси.

„Една сенка е подобра од 12 погрешни“, изјавила Ерика.

Откако го насочила вниманието на сенката, шминкерката дала совет којшто се однесува на бирање на коректорот. Таа вели дека прво мора да го пробате на рака и доколку гледате дека не остава кора тогаш тој е тој коректор којшто ви е потребен.