[ФОТО] Бредли Купер продавал храна во камион, го посетиле сегашната и бившата партнерка: Фотографиите го обиколуваат светот и сите се прашуваат дали Џиџи и Ирина се сретнале

Точка

07/12/2023

14:30

5.450

Големина на фонт

а а а

Режисерот и актер Бредли Купер е во врска со манекенката Џиџи Хадид, а во одлични односи е и со поранешната вереница Ирина Шајк.

Додека неодамна учествувал во хуманитарна акција па во „Danny & Coop’s Cheesesteaks“ продавал храна, во посета му дошле поранешната и сегашната партнерка. Тие фотографии заинтригирале многумина, е еве дали тие две се сретнале.


Ирина Шајк до камионот дошла со својата ќерка Ли, која ја има со Бредли Купер. Забележано е како актерот со насмевка зборува со неа и колку се израдувал на ќеркичката.


Манекенката уживала во чизфтекот кој се продавал за 10 долари, а во редот покрај неа била и ѕвездата од „Jurassic Park“, Лора Дерн.



Ирина неодамна се нашла на мета од критики поради ширење лажни дезинформации на социјалните мрежи за конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Џиџи Хадид се појавила истиот ден, но одвоено од Ирина Шајк, пишува „Page six“.


Да потсетиме, Ирина Шајк и Бредли Купер биле заедно од 2015 до 2019 година, а ќерката Ли ја добиле во 2017 година. Постоеле индиции дека поранешниот пар се смирил минатиот август, но таа демантирала со новиот романтичен однос до Том Бредли, од кој во меѓувреме се разделила.


За врската меѓу Џиџи Хадид и Купер се дознало во октомври, а извори тврдат дека нивниот однос брзо се развива, односно станува сè посериозен.


Инсајдери тврдат дека токму Ирина ги запознала, но некои велат дека таа не била воодушевена од случувањата во љубовниот живот на нејзиниот поранешен вереник.


Наводно ја разочарал бидејќи ја избрал помладата манекенка. Од многу страни допираат приказните дека Ирина и Бредли сепак сè уште целосно не кренале раце од својата љубов.