Невролозите тврдат: Овие симптоми можат да се појават години пред дијагнозата на мултиплекс склероза

Точка

07/12/2023

10:17

7.631

Големина на фонт

а а а

Констипацијата може да биде ран предупредувачки знак за мултиплекс склероза, тврдат невролозите. Тие исто така веруваат дека инфекциите на уринарниот тракт, депресијата и сексуалните проблеми може да укажуваат на тоа дека некој несвесно пати од оваа болест.

Студијата која ја спровеле невролози на универзитетот Сорбона во Париз открила дека постојат болести кои ги погодуваат пациентите со мултиплекс склероза до 5 години пред конечно таа да им биде дијагностицирана.

„Се разбира, не секој кој ги има овие симптоми развива мултиплекс склероза. Наведените симптоми се вообичаени и можат да бидат знаци на други болести“, вели д-р Селин Луапре.


Сепак, д-р Луапре смета дека ова откритие би можело да биде корисно за оние кои имаат поголем ризик од развој на болеста, поточно лица со семејна историја на мултиплекс склероза. Типични симптоми на автоимуната состојба вклучуваат отежнато одење, проблеми со видот и вкочанетост, а претходно беше откриено дека пациентите со мултиплекс склероза страдаат и од констипација, инфекции на мочниот меур, депресија и сексуални проблеми.

Поради непредвидливоста на симптомите, може да поминат години пред да им биде дијагностицирана болеста на пациентите. Не постои лек, но третманите како што се стероиди можат да ја контролираат состојбата и да ги ублажат симптомите.