На "TikTok" се појавија снимки од играта "GTA 6": Дали е одговорно дете на вработен?

Точка

04/12/2023

15:43

6.419

Големина на фонт

а а а

Овој настан следи откако "Rockstar Games" во петокот најави дека првиот официјален трејлер за оваа долго очекувана игра ќе биде објавен утре, на 5-ти демекври.

Неодамна на "TikTok" се појавија кратки видео снимки кои тврдат дека даваат прв поглед на "GTA 6", што предизвикало бурни реакции во гејминг заедницата.

Видео материјалите, објавени на профилот @i_see_in_4K, прикажуваат делови од наводната мапа на играта "Grand Theft Auto 6". Овој настан доаѓа откако "Rockstar Games" во петокот најави дека првиот официјален трејлер за оваа долго очекувана игра ќе биде објавен утре, на 5-ти демекври.


Меѓутоа, "GTABase", сајт поврзан со гејминг новости, кој "IGN" го наведува како „еден од најдоверливите извори на информации за "Rockstar“ игри“, известил дека овие протечени сними се можеби дело на синот на еден од вработените во "Rockstar Games". Иако "Rockstar" се уште не ја потврдил автентичноста на овие снимки, ниту дека роднини на вработени се вмешани во нивно објавување, "GTABase" наведува дека постојат уверливи докази дека видео материјалот потекнува од некој што е поврзан со вработен во компанијата.

Ова не е прв пат "Grand Theft Auto" серијалот да биде мета на хакери. "IGN" претходно известил за пресуда од британскиот суд со која Арион Куртај е прогласен за одговорен за хакерски напад на "Rockstar Games", што довело до значајно протекување на материјали за "GTA6".



Спонзорирани линкови

Маркетинг