Виетнамец направил дрвен „Cybertruck“, му одговорил и Маск

Точка

04/12/2023

11:45

5.531

Големина на фонт

а а а

Еден Виетнамец направил дрвена и намалена реплика на „Tesla Cybertruck“, а покрај него додал и детски „Cyberquad“. Тоа што е најдобро, е дека двете се целосно функционални и во возна состојба.

„Tesla Cybertruck“ оваа недела ќе им биде испорачан на првите купувачи, но овој Виетнамец својот примерок го изработил со сопствени раце, користејќи само метал и дрво, со што се пофалил на „YouTube“ каналот „ND-Woodworking Art“, како и на социјалните мрежи.

Дрвениот „Cybertruck“ има метална конструкција, но поголем дел од каросеријата е направена од дрво, како и ентериерот и седиштата. Возилото е нешто помало од вистинскиот модел, но е во возна состојба, па дури и има и светлечко лого од социјалната мрежа „X“ на вратите.

Како посебен додаток, во багажникот е сместен мал, исто така дрвен, „Cyberquad“, па оваа комбинација нуди забава за целото семејство.

Откако потрошил 100 дена на овој проект, авторот преку „X“ се обидел да дојде и до самиот Илон Маск, па напишал дека би му била чест да му го подари својот производ на милијардерот.

Маск, кратко после тоа одговорил: „Секако, го ценам тоа“. Меѓутоа, не знаеме дали навистина го добил подарокот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг