Најфината палента која некогаш сте ја пробале: Кремасто совршенство за кое ви се потребни само пет состојки

Точка

02/12/2023

17:38

9.674

Големина на фонт

а а а

Варената палента е одличен прилог во зимските месеци – можете да ја послужите со сè, од топло млеко или бело кафе до гулаш.

Како би зготвиле вкусна и кремаста палента не ви се потребни многу состојки ниту време. Со инстант палентата, оброкот може да биде готов само за пет минути.

Доколку планирате да ја јадете палентата како дел од солен главен оброк, гответе ја во пилешка супа наместо во обична вода.

Во палентата додајте полномасно млеко и путер како би добиле кремаста текстура, а сето тоа заокружете го со малку рендан пармезан.

Доколку немате пармезан, можете да користите друго сирење кое лесно се топи.


Потребни намирници

900 мл пилешка супа;

500 мл полномасно млеко;

250 гр инстант палента;

45 гр рендан пармезан;

1 лажица путер.


Подготовка

1. Додадете ја пилешката супа и полномасното млеко во големо тенџере.

2. Кога течноста ќе зоврие, намалете ја температурата и постепено почнете да ја додавате инстант палентата со постојано мешање.

3. Варете ја палентата неколку минути додека смесата не згусне и термички се обработи до крај.

4. На крајот од варењето во смесата додадете путер и изрендан пармезан.

5. Сварената палента послужете ја топла како прилог на другите оброци.


Добар апетит!