Славниот режисер се разведува по четврти пат, сега го напушта 32 години помладата сопруга – тој мора сѐ да плати

Точка

02/12/2023

14:10

4.800

Големина на фонт

а а а

Дејвид Линч, легендарниот режисер и неговата долгогодишна сопруга наводно се разведуваат, пишува „Page Six“.

Дејвид Линч (77) и Емили Стофли (45), одлучиле да се разделат по 14 години брак. Како што пишува „Page Six“, Емили која побарала развод имала листа на барања.


Актерката на суд побарала да добие старателство над ќерката која ја добила од бракот со Линч. Извори додаваат дека иако Емили бара старателство нема да прави проблем доколку Дејвид сака да ја посети ќерка си.

Се додава дека Емили сака режисерот да ги плати трошоците за развод и адвокатите.

Емили Стофли е четвртата сопруга на Дејвид Линч којшто претходно бил во брак со Пеги Линч од 1967 до 1974 година, потоа со Мери Фиск од 1977 до 1987 и со Мери Свини од 2006 до 2007 година.


Линч се заљубил во Емили која во 2006 година се појавила во неговиот филм „Inland Empire“ и била дел од поставата на продолжението на „Twin Peaks“ од 2009 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг