Најбрзиот рецепт за сочна чоколадна торта: Идеална е за сите прослави и периодот на слави

Точка

01/12/2023

16:41

9.127

Големина на фонт

а а а

Ништо без чоколадо! Затоа ви пренесуваме брз и елегантен рецепт за торта која е идеална за попладневно релаксирање со шолја кафе. А сите знаеме дека таквите торти се најубави!

Списокот на состојки за оваа торта е навистина краток, времето за подготовка е само половина час, а секој залак е незаборавно чоколадно искуство!

Најважниот совет е да користите чоколадо со висок процент на какао (70% или повеќе) и да послужите со шлаг, топка сладолед или добро изладен крем од цитрус или ванила.


Потребни намирници

170 гр темно чоколадо;

80 гр путер;

4 јајца;

100 гр шеќер;

30 гр мелени бадеми;

Прстофат сол.


Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени и премачкајте го калапот со путер. Чоколадото искршете го на парчиња и стопете го на пареа со путер и малку сол.

Јајцата се матат со шеќер додека не се формира пена. Двете смеси лесно соединете ги со помош на лажица. Мелените бадеми просејте ги и измешајте ги, па продолжете да мешате со дрвена лажица. Прелијте го тестото во калапот и печете 15-20 минути, додека површината не стане цврста и флексибилна.


Извадете ја тортата од рерна и почекајте да се излади, па извадете ја од калапот.

Декорирајте со шеќер во прав, какао или нешто друго по желба и послужете!

Уживајте!