[ВИДЕО] Погледнете кој бил најдобар во тестот од 0 – 240 км/ч

Точка

01/12/2023

13:11

5.415

Големина на фонт

а а а

Тестовите за забрзување од 0 до 240 километри на час добро им доаѓаат на ентузијастите, бидејќи секој има свој фаворит.

Американскиот специјализиран сајт „Car&Driver“ ги ставил на тежок спортските автомобили (15 од нив), а многу од нив се продаваат во Европа.

На тестот, автомобилите се забрзувани до 240 км/ч, а мерено е прво тоа време, па потоа и времето кое им е потребно за сопирање.

Тука до израз доаѓа посебно намената на различни автомобили. Така го имаме моделот „Honda Civic Type-R“, на кој брзината не му е главна одлика, а кој завршил убедливо последен со време од 52,7 секунди.

Меѓутоа, во вториот дел од тестот, кога се мери времето за сопирање, „Honda Civic Type-R“ завршил на шестото место.

Во самиот врв, очекувано, биле „Porsche“ и „Corvette 306“. Најдобриот од нив, „911 Turbo S“, забрзува за 19,3 секунди, но подобро од него кочеле „911 GT3“ и „Mustang Dark Horse“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг