[ФОТО] Да го сретнете на улица сигурно не би го препознале: Боба од „Жикина династија“ го прослави 68 роденден

Точка

01/12/2023

10:10

10.993

Големина на фонт

а а а

На 30 октомври 1955 година роден е актерот Владимир Петровиќ кого публиката го засака како Боба Павловиќ во хит серијалот „Жикина династија“.

Ситуациите меѓу пријателите Жика и Милан тука се да ја насмеат јавноста, а љубовта меѓу Марија и Боба да ја потсетат дека вистинските чувства на двајца заљубени, без оглед на препреките, може да опстане.


Без оглед на љубовта која во тие години тој ја добил од публиката и бројните повици повеќе да се посвети на актерството, Петровиќ се откажал од сцената и се посветил на маркетингот.

И додека сите верувале дека тој навистина е вљубен во Марија, поточно во актерката Ријада Кадриќ, тој до ден денес ја сака својата Јасминка покрај која ги поминал своите најубави моменти во животот, иако не крие дека во нивниот брак имало кризи.


Популарниот Боба се свртел кон семејството, прво кон сопругата Јасминка, а потоа и по децата синот Игор и ќерката Ана.

Петровиќ нашол мир и благосостојба во своето семејство, тој ужива да го поминува времето со своите внуци, а без оглед на годините и натаму е посветен на својата работа.


„Имам рекламна агенција и со таа работа се занимавам со години. Разни реклами правиме“, изјавил тој.

Поради тоа што со години живее подалеку од камерите, факт е дека многумина денес на улица не би го препознале затоа што многу се променил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг