Меланија Трамп видена во јавноста по долго време, предизвика критики со еден детаљ

Точка

01/12/2023

08:57

3.259

Големина на фонт

а а а

Меланија Tрамп, сопругата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, по долго време се појави во јавноста. Поранешната прва дама на САД присуствуваше на комеморацијата во Атланта за поранешната прва дама Розалин Картер, која почина на 28 ноември.

Меланија се појави во друштво на сегашната прва дама Џил Бајден и поранешните први дами на САД Мишел Обама, Хилари Клинтон и Лора Буш. Сепак, нејзиниот изглед предизвика многу критики на социјалните мрежи.

За разлика од останатите први дами, Меланија не облекла црно туку се појавила во сив капут, поради што предизвика бурни реакции.

„Колку без почит“, „Носеше сив капут само за да се истакне“ и „Зошто не облече само црн капут? се само дел од коментарите.


Но, имаше и такви кои застанаа во нејзина одбрана, пишувајќи дека не секој носи црно во вакви прилики и дека тоа не значи непокажување почит, а некои истакнаа дека под сивиот капут носи црна облека.