[ВИДЕО] Шенон Доерти откри дека ракот ѝ се проширил на коските: „Не сакам да умрам, не сум завршила со животот“

Точка

29/11/2023

21:00

6.722

Големина на фонт

а а а

Актерката Шенон Доерти во новото интервју откри дека ракот ѝ се проширил на коските.

„Не сакам да умрам. Не сум завршила со животот. Не сум завршила со љубовта. Не сум завршила со создавањето. Не сум завршила со менување на работите на подобро. Едноставно не сум готова“, изјави таа за магазинот „People“.

Ракот на дојка ѝ беше дијагностициран во 2015 година, по што Доерти направи мастектомија и беше подложена на хемотерапија. Во април 2017 година, таа објави дека е излечена, но болеста ѝ се врати во 2019 година. Потоа објави дека ракот е во четврт стадиум и се проширил на мозокот. За жал, таа сега изјави дека ги зафатил и коските.


„Кога ќе се запрашате: „Зошто јас? Зошто добив рак?“ и потоа „Зошто ми се врати ракот? Зошто сум во четврт стадиум?“, тоа ве води да пронајдете поголема цел во животот“, раскажала актерката.


Таа се надева дека ќе ја подигне свеста на луѓето и ќе помогне во истражувањето на оваа опасна болест. Шенон сака да покаже дека луѓето заболени од рак во терминална фаза имаат уште многу да придонесат за светот.

„За мене е лудо што сè уште немаме лек“, изјави таа.