Хајди Клум и нејзината ќерка позираа заедно во црвена долна облека

Точка

29/11/2023

17:20

3.436

Големина на фонт

а а а

Хајди Клум (50) и нејзината ќерка Лени (19) се појавија на Инстаграм во црвена долна облека.За божиќната кампања, покрај фотографиите, на профилот на Клум се најде и видео на кое таа и нејзината ќерка пеат божиќна песна на германски јазик. Кампањата за која тие позираат во црвена долна облека е на брендот „Intimissimi“.

Слично како и нивните претходни заеднички кампањи, и оваа објава наиде на различни реакции од фановите. Додека некои беа пресреќни што повторно ги гледаат заедно, еден корисник напишал дека е „малку морничаво“ Лени да позира во долна облека покрај нејзината мајка.


Лени одговорила на критиките

Сепак, Лени еднаш изјави за „Page Six“ дека не ѝ пречат реакциите на нејзините минати кампањи за долна облека со нејзината мајка.


„Генерално, среќна сум за кампањата и имав неверојатен ден со мајка ми. Мислам дека фотографиите испаднаа одлично и многу се забавувавме додека бевме на сет. Реакциите не ги читам и не сакам да им посветувам внимание. Така што, не знам што се пишува“ – додала таа.