„Tesla“ ги намали цените – повторно!

Точка

29/11/2023

16:38

5.293

Големина на фонт

а а а

Компанијата „Tesla“ е позната по својата политика на намалување на цените за да останат конкурентни на пазарот, а таа пракса продолжува.

Овој потег веројатно е дел од стратегијата „Tesla“ да ја зголеми продажбата пред крајот на годината. Цените се намалени во САД и во Канада, а опфатени се „Model 3“, „Model S“ и „Model X“.


Изгледа дека најголема заштеда во однос на цената е направена кога станува збор за „Model 3“, каде некои примероци чинат и до 3.700 долари помалку. Можеби една од причините за тоа е и фактот што наскоро ќе пристигне „освежен“ „Model 3“.


Попустот на „Model Y“ е околу 3.000, додека кај „Model S“ и до 5.000 долари. Меѓутоа, овие попусти се ограничени на примероци кои имаат приличен „стаж“ кога станува збор за километражата.


Ќе биде интересно да се види дали оваа стратегија на „Tesla“ на подолг рок ќе донесе поголема предност над конкуренцијата – засега им оди добро, бидејќи во Европа се борат за титулата најпродаван автомобил оваа година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг