Џулија Робертс сподели ретка фотографија од нејзините близнаци за нивниот 19-ти роденден

Точка

29/11/2023

13:35

2.538

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерка Џулија Робертс (56) е мајка на близнаците, ќерката Хејзел Патриша и синот Финеус Волтер, кои ги чува макимално задскриени од јавноста и ретко споделува детали за нивниот живот, но сега се огласи по повод нивниот 19-ти роденден и објави фотографија кога биле бебиња.

„19. Нема зборови за оваа радост, забава и див ритам на заедничкиот живот“, напишала таа покрај објавата. „Нека им е најсреќен роденденот, им праќам многу љубов“, „Леле веќе имаат 19“, „Среќен роденден“, се само дел од коментарите на нејзините следбеници кои беа воодушевени од оваа објава.

Да потсетиме, актерката имаше близнаци со сопругот, снимателот Дени Модер, а парот кој е во брак од 2002 година го има и 16-годишниот син Хенри Даниел. Џулија го запознала Дени на снимањето на „Мексиканецот“ во 2000 година, кога тој сè уште беше во брак со Вера Стајмберг.