Колку кинеските автомобили навистина се купуваат во Европа?

Точка

28/11/2023

13:53

5.781

Големина на фонт

а а а

За пример е земен еден од најлибералните автомобилски пазари на Стариот континет. Во ниедна друга земја во Европа нема повеќе кинески автомобилски брендови застапени на пазарот како во Норвешка. Само оваа година во таа скандинавска земја биле регистрирани 13 нови марки на автомобили, каде секој ја гледа својата шанса, сметајќи на високиот стандард на купувачите, отворениот пазар и големиот удел на електрични автомобили.

Некои од брендовите сами го нашле патот до Норвешка, додека други ги преземале норвешки увозници. Заедничко на речиси сите овие марки на автомобили им е тоа дека сè уште не пронашле „златен рудник“, но постојат исклучоци, пишува „RevijaHak“.

Кога се зборува за типични кинески брендови, пред се сè мисли на брендовите кои настанале во Кина. Не „Volvo“ и „Polestar“, на пример, шведските автомобилски марки кои ги купил и продолжил да ги развива кинески „Geely“.


Досегашната статистика за регистрација во тековната година покажува дека е потребно да се спуштиме дури до 20-тото место на листата пред да наидеме на првиот кинески бренд. Тоа е „MG“, кој оваа година успеал да продаде својот електричен „MG4“ во солидни количини.

Исто така, следниот кинески модел доаѓа од компанијата „MG“ – „ZS EV“, па дури и третиот „Marvel R“. Но, тоа се навистина мали количини. Зад нив е најголемиот произведувач на автомобили во Кина, „BYD“, со два модели, „Tang“ и „Atto 3“.


Со преостанати нешто повеќе од еден месец до крајот на 2023-та година, „Nio“ оваа година во Норвешка продал само 470 возила. Тоа е нешто повеќе од три автомобили во вработен во нивната канцеларија и салоните.

Потоа следи луксузниот „Hongqi E-HS9“ кој е рангиран ан 103-то место меѓу електричните возила. Далеку долу на листата се брендови како „Boyah“, кој влегол на пазарот минатата година со „SUV“ моделот „Voyah Free“.


Од убавиот салон во центарот на Осло, подале 10 автомобили во 2022-ра година, а досега оваа година продале 18 возила. Колку за споредба, „Tesla Model Y“ е продаден во пет пати поголем број (20.000 единици) од сите кинески модели, пишува „elbil24“.