Поранешниот сопруг на Џенифер Анистон, Бред Пит, ја открил нејзината добро чувана тајна во извесно интервју кое никогаш не било емитувано, пишува магазинот „Hello“.
Имено, холивудскиот актер открил дека Џенифер месечарела, а овој детаљ од нејзиниот приватен живот бил познат за само нејзиниот најблизок круг луѓе.
Пит во интервјуто открил како нејзиното месечарење предизвикало проблеми во нивниот брак, па раскажал анегдота која се случила во текот на една ноќ.
Ноќни авантури
„Таа прави многу работи додека спие. Еднаш дури се вклучи и алармот во куќата, а јас ја најдов надвор“, раскажал тој, додавајќи дека целата работа не била нималку безопасна бидејќи во тоа време живееле на куќа сместена на сама карпа.
Пит потоа на шега продолжил: „Ќе слушнев како во другата соба се отвораат и затвораат фиоките, но тогаш себеси си велев дека кога ќе го заврши она што треба да го среди, ќе се врати во кревет. Таа исто така, многу зборува во сон и тогаш всушност ги имавме некои од најдобрите разговори.“
Да потсетиме, Пит и Анистон беа едни од најомилените холивудски парови. Тие се венчале во 2000 година, а се развеле пет години подоцна. Анистон стапила во брак со Џастин Теру, а Пит со Анџелина Џоли, но ниту еден од тие парови не потрајал.