Актерката Џулијан Мур (62) издоминирала на доделувањето на „Gotham“ филмските награди, била облечена како божица.
Џулијан Мур на црвениот тепих дошла облечена во долг, црн фустан со широки ракави. Ова неверојатно модно парче ја покрило фигурата на тело на актерката од глава до пети, правејќи ја елегантна и неверојатна.
Единствено што се истакнало кај актерката бил златниот накит којшто дошол до израз во целосен сјај, како и нејзината неверојатна боја на коса.
Џулијан наскоро ќе ја гледаме во нов проект каде ќе биде рамо до рамо со актерката Натали Портман.
Инаку, Џулијан важи за една од најпродуктивните актерки во Холивуд и сѐ што ќе направи се смета за врвна уметност.
Интересно е и тоа што актерката на приватниот живот му пристапила професионално, па Барт којшто го запознала во 1996 година го „бркала“„ по сет за да го освои.
„Не ми е срам што го прогонував на снимањата. Мислам дека дури и се исплаши, но јас сум подготвена да направам сѐ за да бидам со личнсота која ја сакам“, изјавила Џулијан Мур.