[ВИДЕО] Меѓу 10-те најпопуларни дестинации за 2024 година, дури три градови се наоѓаат во иста држава

Точка

28/11/2023

09:42

11.785

Големина на фонт

а а а

Најновото истражување кое го спровел „Skyscenner“ собрало статистички податоци од студија на 2.000 учесници, заедно со податоците за летовите и хотелите, за да дојде до рангирањето.

Како што покажале резултатите, дури три места од Јапонија се нашле на оваа листа. Сапоро бил рангиран на петтото место, потоа Осака на шестото, а Токио на десеттото место.

Сапоро е главен град на планинскиот северен јапонски остров Хокаидо и апсолутно вреди да се посети, особено доколку сакате да скијате.

Познат е по тоа што има некои од најдобрите ски-патеки во Јапонија, како и по фестивалот на снег којшто привлекува туристи во текот на зимските месеци. Значи, доколку сакате да ги смените европските ски-дестинации, тогаш овој град може да биде вашата алтернатива.

Освен тоа тука се и Музејот на пиво којшто е единствен од тој вид во Јапонија, како и Јозанкеи Онсен природните топли извори.

Во продолжените прочитајте ги 10-те дестинации:

1. Виго, Шпанија

2. Лајпциг, Германија

3. Римини, Италија


4. Бидгошч, Полска

5. Сапоро, Јапонија

6. Осака, Јапонија

7. Нант, Франција

8. Чианг Мај, Тајланд


9. Билунд, Данска

10. Токио, Јапонија