Пет помалку познати симптоми на недостаток на витамин Б12

Точка

27/11/2023

14:22

5.494

Големина на фонт

а а а

Еден од најважните нутриенти е витаминот Б12, кој на луѓето им е потребен за нормално функционирање.

Витаминот Б12 учествува во бројни процеси во телото, вклучувајќи ја синтезата на ДНК, формирањето на црвените крвни зрнца и изолационата обвивка која им овозможува на сигналите да минуваат низ нервниот систем.

Во текстот ќе наведеме некои од симптомите на недостаток на витамин Б12, а доколку сте ги почувствувале речиси сите симптоми, обратете се кај вашиот лекар.


Недостатокот на Б12 може да предизвика анемија и симптоми како што се замор, мускулна слабост, вртоглавица или зашеметеност. Сепак, помалку е познато дека недостатокот на витамин Б12 може да предизвика и когнитивни проблеми.

Според една статија објавена во „British Medical Journal“ оваа година, постојат пет проблеми забележани кај 85 проценти од пациентите со недостаток на Б12: проблеми со помнењето, когнитивни тешкотии, афазија, проблеми со учењето и главоболки (мигрени).

„Анемијата е присутна кај помалку од 20 проценти од луѓето со недостаток на витамин Б12. Невролошките проблеми, кои се многу почести, може да траат со месеци, па дури и години додека целосно не се повлечат“, се наведува во написот.


За луѓе кои немаат тежок дефицит на витамин Б12 и невролошки симптоми, витаминот Б12 може да се дава орално во доза од 1000 до 2000 μg еднаш на ден. Витаминот Б12 го има само во храната од животинско потекло. Количината на овој витамин во храната зависи од видот на истата како и од земјата на производство.

Во повеќето случаи, ситуацијата ќе се подобри кога ќе ја збогатите исхраната со месо, риба, сирење, путер, јајца, прехранбен квасец и друга храна збогатена со витамин Б12. Меѓутоа, ако недостатокот е потежок, можеби ќе треба да земате додатоци во исхраната или дури и да примате инјекции.