Рита Ора, светски познатата пејачка е родена во Приштина, а таа вчера го прославила својот 33 роденден, па одлучила тој ден да го помине во својот роден град.
Таа со приватен авион долетала во Косово, а откако излегла од авионот направила три „неочекувани“ потези кои веројатно би требало најдобро да ги отсликаат нејзините емоции кога повторно ја допрела земјата на своето родно место.
Рита по излегувањето од авионот длабоко воздивнала, потоа се наведнала и ја допрела земјата, па својата дланка ја ставила на срцето.
Инаку, неа на аеродромот во Приштина ја дочекал Перпарим Рама, албански архитект и косовски политичар.
Засега не е познато кои се мотивите на посетата на Рита на Косово и дали пејачката таму дошла приватно или можеби ја чека некој настап.