Зад проектот за кој ќе се зборува со години стои култниот тјунер, „ABT Sportsline“. Станува збор за „R8“ кој сега носи ознака „ABT XGT“, а станува збор за коловозна легална модификација базирана на „Audi R8 LMS GT2“ или преведено – тркачки автомобил.
Токму така, овој автомобил смее да носи регистарска табличка, а ќе можат да го купат 99 среќници подготвени да издвојат најмалку 600.000 евра. Цената е висока, но ова не е „обичен“ R8. Проширен, со огромни сериски надградби, овој „R8“ во целост визуелно одговара на тркачки болид.
Единствена очигледна разлика се гумите, а тоа се сега патничките „Pirelli P Zero Trofeo R“. Однапред се 19-инчни, а одзади се број поголеми.

И кабината е изведена по пример на тркачката верзија. Има заштитен кафез, тркачки волан и централна конзола од мотоспорт. Тјунерот додал дигитален кокпит, паркинг кочница и контрола за патни додатоци како што покажувач на насоки, клима и централно заклучување.

На листата новости е и класичната изведба на резервоарот за гориво која дозволува танкирање на јавни бензински станици. Кога станува збор за моторот, тука и натаму е „5.2 V10“. Моќта сега е 640 коњски сили, погонот е на задните тркала, а менувачот е „S-Tronic“ со седумстепенски пренос.

1.400 килограми тешкиот болид може да повлече се до 310 км/ч, а врвните особини доаѓаат како последица на двегодишната работа на експертите на „ABT“ на овој автомобил. Доволно е да се каже дека на автомобилот учествувал целиот „DTM“ тим.

Да повториме, стартната цена е 598.000 евра, а планирана е серија од 99 примероци.










