Њујоршката адвокатка која не сакала да го открие својот идентитет, ги тужела актерите Бен Афлек и Мет Дејмон поради вознемирување.
Во оваа тужба жената наведува дека Бен Афлек и Мет Дејмон го искористиле нејзиниот идентитет како и лични искуства за потребите на својот филм, а дека таа за тоа не им дала дозвола.
Актерскиот пар бил обвинет за прислушкување на нејзината куќа и хакирање на уредите, оставајќи ја во страв дека ќе биде киднапирана и силувана.
Овој случај ја шокирал јавноста, но и актерскиот свет. Како што навела оштетената жена во тужбата, до која ексклузивно дошол „Дејли Мејл“, неколку филмови, како што се „Maid in Manhattan“ и „Gone Girl“ содржат елементи кои се земени од нејзиниот приватен живот.
Тужбата била поднесена до Врховниот суд во Њујорк, а исто така во неа се именувани Кејси Афлек, Џенифер Лопез, Кецин Смит, Рајан Сикрест и Харви Вајнстајн како соучесници во наводниот плагијат и изнесување на лични настани без прашање.
Наводната жртва во 2001 година станала дел од веб-страницата која ја основале Мет Дејмон и Бен Афлек со наслов „Project Greenlight“.
Оваа страница е формирана за писателите да можат да бидат „заедно“ и да разговараат за своите идеи.
Како што тврди оштетената, идеите кои тогаш биле изнесени искористени биле без нејзино одобрување.