[ВИДЕО] Оваа реклама за „Toyota“ е забранета во Велика Британија

Точка

23/11/2023

20:01

6.380

Големина на фонт

а а а

Верувале или не, британското регулаторно тело за надзор на огласувањето (Advertising Standards Authority – ASA) одлучило да го забрани прикажувањето на оваа реклама. Станува збор за промотивен видео-материјал на „Toyota“ за моделот „Hilux“. Препознаен по своите теренски способности, „Hilux“ е и одлично работно возило кое му служи на својот сопственик во сите можни ситуации.

„Toyota“ тоа го покажала во краткото видео во кое „Hilux“ меѓу другото вози по терен. А токму тоа и пречи на агенцијата. Велат дека видеото ги поттикнува гледачите да се упатат во оф-роуд возење, што не е еколошки прифатливо. „ASA“ како службено објаснување за блокирањето на рекламата го навел недостигот на социјална одговорност за околината.

Вниманието на агенцијата кон оваа реклама го насочило „Adfree Cities“, движење кое се обидува да ги ослободи јавните простори од маркетиншки материјали, а сконцентрирано е на два огласи емитувани уште во 2020-та година. Првото видео е емитувано на социјалните мрежи и прикажано неколку возила „Hilux“ кои возат преку речно корито како диви животни во документарец за природата, додека нараторот вели дека гледаме еден од вистинските спектакли на природата и завршува со зборовите – „Toyota Hilux – Роден да лута“. Вториот забранет оглас е постер кој прикажува уште една група од овие возила на „Toyota“ кои креваат прашина, под наслов: „Родени за лутање“.

Во своја одбрана, „Toyota“ рекла дека „Hilux“ е наменет за најтешки окружувања, и дека одредени индустрии како земјоделство и шумарство бараат приказ на способностите за сите терени. Наведено е дека снимката е направена во Словенија на приватно земјиште со дозвола на сопственикот и дека напорите на компанијата да ги електрифицира автомобилите од 1997-ма година докажале колку е посветена на грижата за планетата.

„ASA“ останале при тврдењето дека видео-материјалот „одобрува користење на возилото на начин кој го занемарува нивното влијание на природата и околината“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг