Основачот на „ChatGPT“ доби отказ – па веднаш е вратен на работа! Настанале големи поделби: „Изгледа дека е многу моќен“

Точка

22/11/2023

23:24

6.301

Големина на фонт

а а а

Ко-основачот Сем Алтман се враќа на улогата генерален директор на „OpenAI“ само неколку дена откако беше отпуштен, сигнализирајќи дека во најновата расправа за вештачката интелигенција преовладало начелото за профитна ориентација и развој „во чекор“. Одборот на „OpenAI“ го отпушти Алтман од местото генерален директор минатиот петок, велејќи дека ја изгубил нивната доверба.

Во образложението за разрешувањето, членови на одборот рекле дека тој не е секогаш искрен во комуникацијата, што им го отежнувало вршењето на должноста. Не прецизирале во што наводно не бил искрен. Во понеделникот поранешниот шеф на „Twitch“ Емет Шир привремено ја добил улогата генерален директор. Денеска старт-апот извести дека Алтман се враќа на местото генерален директор, а најавиле и промени во одборот кој го отпушти. „Се радувам на враќањето во OpenAI“, напишал Алтман на „X“.


Ново поглавје во развојот на „OpenAI“

Неговото враќање би можело да означи ново поглавје во развојот на непрофитниот старт-ап, кој долго се бори да ги урамнотежи стравовите во однос на потенцијалните закани од вештачката интелигенција и нејзиниот потенцијал за комерцијализација, забележува „Reuters“. Промените во управниот одбор изгледа добро одат кај Алтман и „Microsoft“, кој финансиски ги поддржува и веќе ја нуди технологијата на „OpenAI“ на деловните корисници ширум светот.

Во пост на „Twitter“, извршниот директор на „Microsoft“ Сатиа Надела ја поздравил промената во управниот одбор на „OpenAI“. „Веруваме дека ова е клучен прв чекор на патот кон стабилна, добро информирана и ефикасна управа“, напишал Надела. Превирањата на врвот во „OpenAI“ ги откриваат длабоките поделби во технолошката заедница околу развојот на вештачката интелигенција и нејзините безбедни примени.


Длабоки поделби

Групата која би можел да ја претставува Алтман се залага за брз развој и посебно влегување во употреба на вештачката интелигенција, која е клучна, тврдат, за тестирање и усовршување на технологијата. Нивните противници тврдат дека најбезбедно е да се развива вештачката интелигенција во „лабораторија“. Хиперинтелигентниот софтвер можеби е тешко да се контролира, а тоа би можело да доведе до катастрофа, предупредува струјата која го следи социјалното движење „ефикасен алтуризам“.

Вештачката интелигенција треба да му служи на човештвото, смета оваа група компјутерски научници. Нивното мислење го дели и Илја Сутскевер, главен научник и еден од членовите на управниот одбор на „OpenAI“, кој ја одобрил смената на Алтман и сметал дека пребрзо ја воведува новата технологија.

„Немаме решение за управување или контрола на потенцијално суперинтелигентна вештачка интелигенција, а не знаеме ни како да ја спречиме ако се сврти против нас. Луѓето нема да можат да ги контролираат AI системите многу попаметни од нас“, рекол тој во објава во јули.

Многумина наводно биле и посебно вознемирени со најавата на „OpenAI“ на почетокот на ноември дека наскоро ќе и претстави низа комерцијално достапни производи, вклучувајќи и верзија на софтверот „ChatGPT-4“ и таканаречени агенти кои функционираат како виртуелни асистенти, пишува „Reuters“. Сутскевер не одговорил барањето за коментар од „Reuters“.


„Алтман изгледа е многу моќен“

Поделбата во „OpenAI“ исто така е предизвикана од индикациите за профитна ориентација. „OpenAI“ е основана пред осум години како непрофитна организација, меѓу другото за нејзините производи да не следат профитен мотив. Стравувале дека тоа би можело да ги однесе во насока на развој на опасна генеративна интелигенција. Клучните карактеристики на „опасната генеративна вештачка интелигенција“, според нивниот статут, се можна штета за човештвото и несоодветна концентрација на моќ во група од неколку луѓе.

Алтман, во меѓувреме, бил клучен во воспоставување на одвоено профитно одделение во рамките на „Open AI“ за собирање на пари. „Изгледа дека Алтман е многу моќен и не е јасно дека било кој одбор би можел да го контролира. Постои опасност дека одборот само ќе става печати на одлуки“, рекол Мак Јуен Тен, директор на Центарот за заштита на инвеститори на Државниот универзитет при Сингапурската бизнис школа.

„Thrive Capital“, акционер на „OpenAI“, верува дека „Microsoft“ одиграл клучна улога во развојот. „Microsoft минатиот викенд отворено се залагаше за враќање на Алтман. Меѓутоа, технолошкиот гигант сега исто така сака место во новиот одбор кој ќе мора да се формира во наредните месеци за да се избегнат нови изненадувања“, велат од „Thrive Capital“.