Ова се најпродаваните автомобили во Европа оваа година

Точка

22/11/2023

14:25

6.758

Големина на фонт

а а а

„Dacia Sandero“ и „Tesla Model Y“ моментално се борат за првото место на листата најпродавани нови возила во Европа, а прилично се блиску кога се гледаат резултатите остварени во првите десет месеци.

Имено, моментален лидер е „Dacia Sandero“ со 184.088 продадени примероци.

Веднаш позади е „Tesla Model Y“ со 183.799 продадени автомобили.


Овие бројки се прелиминарни и базирани на податоците кои претставуваат 92% од продажбата во Европската унија, земјите на „EFTA“ и Обединетото Кралство, а кои ги составил „Dataforce“.

„Sandero“ водел во октомври со 21.139 регистрации, а зад него бил „Renault Clio“ со 14.534, додека нешто послаб месец од вообичаеното имал „Tesla Model Y“ со 9.660 регистрации.


На трето место во генералниот пласман е „VW T-Roc“ со 164.833 продадени примероци, а го следат „Peugeot 208“ и „Renault Clio“.