Дали е ова најчудното тело што некогаш сте го виделе? Има огромен задник, а најтесен струк: Луѓето полемизираат дали е ова добро

Точка

20/11/2023

21:04

5.853

Големина на фонт

а а а

Грејси Бон е атрактивна Латиноамериканка од Панама која е неверојатно популарна на социјалните мрежи – само на Инстаграм ја следат повеќе од 4 милиони луѓе. Таа заработува и многу пари на „OnlyFans“, а се поради фактот дека ја краси необична, нетипична фигура, која е вистински раритет. На некои им се допаѓа, некои се згрозени, но оваа бринета секако привлекува внимание и бројни реакции.

Имено, Грејси има неверојатно тесен струк, но и огромни колкови и неверојатно голем задник. Не е познато дали правела пластични операции или не, но јасно е дека нејзината раскошна заднина има рекордни димензии.

Оваа 28-годишна девојка од Панама редовно објавува заводливи снимки и фотографии на кои ги истакнува бујните атрибути, па јасно е дека нема проблем со самопочитта, ниту пак честите критики ја допираат.

Нејзините снимки се вирални и повеќето имаат милионски прегледи, а неодамна Грејси решила и да се разголи. Таа споделила провокативна фотографија на која позира во виолетов, чипкаст градник и кратко здолниште кое го спуштила за да покаже дека не носи гаќички. Фотографијата можете да ја погледнете ТУКА.

Фотографијата јасно ја акцентира диспропорцијата меѓу нејзиниот струк и колковите, а токму тоа често предмет на полемика под нејзините објави. Многумина сметаат дека тоа е секси и привлечно, но има и голем број од оние на кои тој несклад им „боде во очи“ и ја навредуваат Панамката.

„Вулгарно, диспропорционално и апсурдно“, „Во себе имаш повеќе пластика од целиот Атлантик“, „Имаш толку убаво лице, зошто си го правиш ова на себе“, „Ова е заболување, истражете и ќе дознаете“, „Толку очигледна потреба да се биде во центарот на вниманието“, „Не е пријатно да се види вака диспропорционална фигура“, „Не разбира. Ова е реално или е фотошоп?“, гласат некои од коментарите.

Таа неодамна решила да одговори на честите критики и грозни коментари кои ги добива. „Порака за моите хејтери. Додека сте зафатени со исмејување на моето тело, јас сум зафатена со тоа да го сакам. Слободно критикувајте, мојот задник ќе расте, како и мојата сметка во банка“, рекла таа.