Веројатно нема љубител на автомобили кој не слушнал за првото „Renault Twingo“. Со својот впечатлив дизајн овој мал градски автомобил се движел во 90-тите години од минатиот век, а послужил и како инспирација за сосема новиот модел кој би требало да се појави во продажба во 2026-та година.
„Renault“ го претстави производниот прототип на новото „Twingo“ кој ќе биде исклучиво електричен модел, а според неговиот изглед, впечатокот е дека надворешноста е „прецртана“ од „Twingo“ од првата генерација.
Со самото тоа, изгледот на овој прототип се разликува од моделот во заминување, кој имал типична предна маска за „Renault“ и специфичен дизајн на задниот дел со мотор поставен одзади и погон на задните тркала.
Обликот на надворешноста прототипот го дели со „Twingo“-то од првата генерација, додека предниот дел е модерна интерпретација на оригиналниот модел со препознатлив дизајн на фаровите. Новиот автомобил дури и има карактеристики тројни отвори за вентилација на хаубата, но тука тие се далеку поизразени и „штрчат“ од каросеријата, додека функцијата им е само естетска.
„Renault“ допрва треба да ги објави спецификациите на идното продукциско „Twingo“, но веќе ветува неверојатна ефикасност од 10 kQh/100 km. Тоа би го направило најефикасно електрично возило во класата.
Во гамата на францускиот бренд, новото „Twingo“ ќе се наоѓа под идниот електричен хечбек „Renault 5“ и компактниот „SUV“ на струја „Renault 4“, користејќи иста модуларна механичка платформа – „AmpR Small“.
Дизајнот, инженерингот и производството ќе бидат во надлежност на новооснованиот бренд „Ampera“, наменет исклучиво за електричните возила на „Renault Group“.
Од „Renault“ тврдат дека новото „Twingo“ ќе има почетна цена „под 20.000 евра“. Посебно примамлива е стартната цена, имајќи предвид дека повеќето електрични возила кои денес се продаваат се премногу скапи за просечниот купувач да може да си ги дозволи.
Комбинацијата од атрактивен дизајн, импресивна ефикасност и пристапност би можеле овој модел да го направат бестселер меѓу електричните модели во Европа.