Знаете ли што е „ваби-саби“? Необична навика поради која на Јапонците не им е проблем да чекаат во редици

Точка

15/11/2023

13:26

4.329

Големина на фонт

а а а

„Ваби-саби“е јапонска мудрост на прифаќање на непостојаната и несовршена природа на сето она што нè опкружува и одморот од перфекционизмот, кој често е огромен извор на стрес во западната култура.

Ако сакаме да „украдеме“ нешто од Јапонците, треба да ја бараме убавината во несовршеностите, да ја цениме едноставноста и да ја прифатиме минливоста на сè, а мудроста да ја преточиме во секојдневна навика.

„Ваби-саби“ се однесува на архитектурата, уредувањето на домот, достоинственото стареење, поинаквиот поглед на успехот и неуспехот од западниот и сите други сегменти од животот кои помагаат да поедноставиме сè и да се фокусираме на она што е навистина важно.


Недовршените работи ја активираат имагинацијата и поттикнуваат разиграност, па затоа не треба по секоја цена да се стремиме кон совршенство.

10 практични примери на „ваби-саби“

1. „Utsukushii“, јапонскиот збор за „убаво“, оригинално доаѓа од терминот за „сакано“. Ова е причината зошто Јапонците сакаат да оставаат мебел во домот кој многу им значи, дури и ако е оштетен. Скршената рачка на фиоката според „ваби-саби“ не значи дека треба да ја фрлиме целата маса или комода.

2. Јапонците не го заменуваат автомобилот кој има поминато многу километри со нов, туку редовно го носат на поправки.

3. Според начелата на „ваби-саби“, подобро е да имате старински слики на ѕидовите отколку скапа дигитална рамка.


4. Според „ваби-саби“, поубаво е да заминете на ручек во гостилница отколку во модерен ресторан „без душа“, како и во текот на излегувањето внимателно да ја слушате другата личност, а не да држите монолози.

5. Наместо градење мускули и пластични операции, поисплатливо е да работите на себе и да не се потпирате толку на физичкиот изглед.

6. Оние кои патуваат по принципите на „ваби-саби“ не носат непотребни работи и куфери кои едвај можат да ги подигнат. Наместо магнети и разгледници, купуваат предмети кои имаат традиционална вредност или носат дома некаков сувенир, како камчиња од плажа.

7. Берењето диви цвеќиња наместо купување букети има поголема вредност за освестените Јапонци.


8. Времето поминато во правење селфи фотографии исто така не е во согласност со јапонската филозофија. Уживањето во моментот, дегустацијата на храната наместо фотографирањето и впивањето на новите ситуации со сите ваши сетила е подобра алтернатива.

9. Скапиот хотел Јапонците го заменуваат со барање сместување кај домаќинот, по можност во област која не е во туристичкиот дел на градот.

10. Стоењето во редици, доцнењето на возот или промената на планот не се причини за нервоза, туку моменти во кои можеме да паузираме и да го исклучиме мозокот од излишно анализирање.