Куче сакало да си игра со топка, но сопственикот заспал: Еве што почнало да прави

Точка

04/08/2025

23:01

1.028

Големина на фонт

а а а

„Истовремено е трпелив и нетрпелив“, „Колку е само сладок“, „Видео што ми го разубави денот“, „Одличен е!“, „На крајот изгледаше како да скока и да проверува дали типот сè уште спие“, „Лабрадорите се навистина посебно“, пишувале луѓето во коментарите.

Лабрадорите се познати како многу мили и активни кучиња, а токму таков пример е слаткиот Чарли, кој нетрпеливо чекал неговиот сопственик да продолжи да ја фрла топката за игра, иако сопственикот заспал. Тоа што сопственикот спие не го спречило Чарли возбудено да скока зад потпирачот на каучот на кој спиел мажот, а целиот симпатичен момент успеала да го сними неговата сопственичка.

Првите моменти од објавената снимка го прикажуваат мирниот Чарли кој чека да му се фрли топката, но сè се менува за неколку секунди и Чарли почнува да скока, при што посебно внимание привлекуваат неговите смешни „лебдечки“ уши. Видеото стана вирално за само еден ден и моментално има повеќе од два милиони прегледи, а целата глетка измамила насмевка на лицата на многумина.

„Истовремено е трпелив и нетрпелив“, „Колку е само сладок“, „Видео што ми го разубави денот“, „Одличен е!“, „На крајот изгледаше како да скока и да проверува дали типот сè уште спие“, „Лабрадорите се навистина посебно“, пишувале луѓето во коментарите.

@oliveandcharlie_labs Nothing beats a Jet2Holiday in the backyard with a tennis ball! 🎾✈️ #staycation #jet2holidays #labradorretriever ♬ Jet2 Advert - ✈️A7-BBH | MAN 🇬🇧