(Видео) Дебитираше новиот „BMW X2“ – за прв пат во електрична верзија

Точка

11/10/2023

10:57

9.253

Големина на фонт

а а а

„BMW“ објави официјални фотографии и технички детали од втората генерација на моделот „X2“ по минатонеделниот тизер.

Глобалната премиер на овој автомобил ќе се случи на саемот за автомобили „Japan Mobility Show“ во Токио, кој почнува на 26-ти октомври.

Како што е најавено минатата седмица, „BMW“ во значајна мерка го променил дизајнот на надворешноста на овој кросовер во однос на актуелната прва генерација.

Линијата на кровот постепено се спушта кон задниот дел од возилото, создавајќи силуета налик купе.

Високиот преден ден, проширените агли на тркалата и моќниот заден дел прават кросоверот да изгледа поубедливо од својот претходник.


Предните фарови специфични за овој модел, новиот дизајн на задните светла и осветлената маска на ладилникот, веќе на прв поглед го издвојуваат „X2“ од неговиот конвенционален брат „X1“.

Внатрешноста е дизајнирана во склад со најновата генерација на „BMW“ модели, минималистички, со два споени дигитални екрани.


Екранот пред возачот служи како инструмент табла, додека централно поставениот го опслужува мултимедијалниот систем на автомобилот.

На купувачите ќе им бидат достапни две бензински, една дизел и една чисто електрична верзија.


Основниот „BMW X2 sDrive20i“ добива сила до 1.5-литарски трицилиндарски мотор поврзан со 48-волтен „лесен“ хибриден систем. На возачот на располагање му се 170 коњски сили (125 kW).

Следи 4-цилиндарски дизел „BMW X2 sDrive18d“ со 150 коњски сили (110 kW), а на врвот на „SUS“ понудата е „BMW X2 M35i xDrive“ (прикажан на фотографиите) со 300 коњски сили (221 kW) и забрзување од 0-100 км/ч за 5,4 секунди.


Кога станува збор за електричната верзија, таа носи ознака „BMW iX2 xDrive30“. Ја придвижуваат два електромотори, кои воедно обезбедуваат и погон на сите четири тркала.

Вкупната сила на електричниот систем е 313 коњски сили (230 kW), а максималниот вртежен момент достигнува 494 Nm. „BMW iX2 xDrive30“ забрзува до стотка за 5,6 секунди, додека максималната брзина е ограничена на 180 км/ч.


Капацитетот на батеријата е 64,8 kWh, а „BMW“ наведува дека автономијата е 417-449 километри.

Новиот „BMW X2“ во продажните салони доаѓа на почетокот на следната година, до кога ќе биде позната и неговата цена.