[ФОТО] „Volkswagen“ ја покажа првата официјална слика од „Golf 9“

Точка

05/03/2026

13:47

1.092

Големина на фонт

а а а

На состанок во фабриката во Волфсбург, „Volkswagen“ ја прикажа првата слика од „Golf 9“. Засега не се открива многу — или можеби сепак се открива?

Веќе од страничниот профил е јасно дека „Volkswagen“ нема да оди во насока на радикална промена на дизајнот, туку ќе се задржи на суптилни доработки кои, би рекле, траат уште од „Golf 7“.

Во секој случај, за некои поголеми зафати нема ни потреба, бидејќи „Golf“ со децении претставува традиција и токму тоа купувачите го ценат.

Новиот шеф на дизајн Андреас Миндт очигледно потпишал дизајн кој нема да предизвикува турбуленции на пазарот.

Со „Golf“, „Volkswagen“ може да изгуби само ако почне да си игра со оригиналниот концепт.

Во главно, производството на новиот „Golf“ ќе започне од следната година во Мексико, додека германските фабрики ќе го добијат електричниот „ID“. „Golf“, кој ќе биде нов модел на нова платформа и ќе влезе во производство во 2028 година, наведува „Revija HAK“.