(Фото) Џорџина позирала со Роналдо, а луѓето ја забележале промената на нејзиното лице: „Мораше ли и таа да го направи тоа?“

Точка

02/10/2023

13:31

4.205

Големина на фонт

а а а

Иако со месеци се шпекулира за проблеми во врска со познатиот фудбалер Кристијано Роналдо и неговата вереница Џорџина Родригез, парот на секој можен начин се обидува да ги спречи тие гласини.

Така Џорџина во својата последна објава на Инстаграм сподели серија фотографии направени за време на ноќно излегување со Роналдо.

„Моја убава љубов“, напиша таа на објавата која собра повеќе од 5 милиони лајкови.


Стотици следбеници го пофалиле парот и им упатиле комплименти за изгледот, но имало и такви кои забележале промена на лицето на Џорџина.

„Усни полни ботокс“, „Што направи со усните“, „Дали и таа мораше да го прави тоа“, се дел од коментарите.

Џорџина никогаш јавно не признала дека направила естетска операција на лицето или телото.