(Фото) Бекам ја бакна ќерка си во уста, па се појавија заедно на ревијата каде сите гледале во нивните стапала – од моден злостор до неопислив луксуз

Точка

01/10/2023

11:28

8.086

Големина на фонт

а а а

Викторија Бекам ја претстави својата нова модна колекција на Париската модна недела, а нејзиното семејство во петокот попладне било токму таму за да ѝ ја даде потребната поддршка.

Дејвид Бекам, заедно со ќерката Харпер, бил фотографиран пред ревијата на неговата сопруга Викторија. Нивната наследничка од родителите покрај добрите гени го наследила и добриот и скапоцен вкус.


Имено, Харпер била фотографирана во едноставен фустан во шампањ боја и сандали од брендот „Прада“ кои чинат околу 1.000 евра.

Дејвид Бекам, иако избрал да носи одлично темносино сако и широки панталони во истата боја, комбинацијата ја надополнил со бели чорапи и кожни, кафеави сандали. Можеби ова е нов тренд, но дел од јавноста едноставно кажа: „Не, никако!“.


Дејвид и неговата ќерка Харпер пред доаѓањето на модната ревија на Викторија Бекам привлекле огромно внимание на социјалните мрежи по видеото на кое ќерката го бакнува својот татко во уста, пред да се подготви за ревијата.


Иако Дејвид неколку пати беше на удар на остри критики зошто на таков начин покажува љубов кон својата ќерка, семејството Бекам не обрнува внимание на коментарите на социјалните мрежи.

Што мислите вие за овој потег?




Спонзорирани линкови

Маркетинг