(Видео) Кинеските автомобили се сè подобри, а овој „MG“ е најдобар доказ за тоа

Точка

29/09/2023

12:52

8.535

Големина на фонт

а а а

Видео рецензијата прецизно покажува колку се добри денес кинеските автомобили.

Зад некогаш славното име од Островот се крие кинески „SAIC“, кој на најдобар можен начин ја комерцијализирал некогаш британската марка и сопственото знаење. Од неколкуте нови модели од кои многу бележат драстичен раст на продажбата на европскиот пазар, можеби најинтересен е „MG Cybersteer“.

„Cybersteer“ премиерно е претставен како концепт уште во 2021-ва година, а потоа оваа година се појавил во производствена изведба, и тоа на Фестивал за брзина од Гудвуд. Набрзо се објавени и технички податоци, а сега се направени и првите тестови.

„Cybersteer“ е електрично купе и прв спортски модел кој на пазарот доаѓа по 3 децении пауза. Имено, толку е поминато откако „MG“ го претставил последниот спортски модел (на основа на Ровер). Ова е сега многу покомплексен производ и еден од оние модели кои би можеле да го означат пресвртниот момент во доживувањето на кинеската автоиндустрија.

„Cybersteer“ го придвижуваат два електромотори кои испорачуваат 544 коњски сили и 725 Nm. Станува збор за изведба со „AWD“ погон, што значи и врвно забрзување: 3.2 секунди до 100 км/ч. Оваа опција има батерија од 77 kWh со која досегот според CLTC е одлични 580 километри.

Масата на возилото не е мала – речиси два тони, но автомобилот на пат се однесува примерно. Дел од заслугата оди и на сметка на проверени механики како „Brembo“ сопирачки, но и стручен тим во кој е Ф1 инженерот Марко Фаинело.

На се сè надоврзува врвната опрема предводена од аудиосостав „Bose“ и инфотеинмент центар со „Qualcomm Snapdragon 8155“ и „Unreal Engine 4.0“ графика.

Цената не е позната, но овој автомобил во Кина би можел да стартува со цена малку над 30.000 евра за послабата верзија со нешто помала батерија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг