Со промената на времето, особено со негови варијации, доаѓа и до сезона на вируси и алергии, а тука е и пандемијата на коронавирусот.
Сега повеќе од кога е потребно да се грижиме за нашето здравје и да го зајакнеме имунитетот. Со помош на овој напиток, ќе ја поттикнете работата на метаболизмот и ќе го започнете исфрлањето на токсините кои се таложеле во текот на претходниот период. Овој напиток се прави од само две состојки:
Ќе ви бидат потребни следните две состојки:
- Половина шолја ладен зелен чај;
- Половина лимон.
Подготовка:
Исцедете го лимонот и помешајте го со зелениот чај и напитокот е подготвен.
Еве како овој напиток делува на организмот:
Поради високите антиоксидантски вредности, зелениот чај е состојка од речиси сите детокс напитоци. Тој поволно делува на црниот дроб, а истражувањата докажале дека помага и во процесот на исфрлање на токсините од организмот.
Лимонот, освен што изобилува со витамин Ц, одличен е и за здравјето на целото тело, тој стимулира ослободување на ензими, но предностите тука не запираат. Лимонот содржи пектин (пробиотик) којшто помага во намалување на шеќерот во крвта.
Ериоцитринот е антиоксидант којшто се наоѓа во лимоновиот сок и кората. Тој во комбинација со другите активни состојки покажал ефект на намалување на воспаленијата, оксидативниот стрес и оптимизацијата на нивото на шеќер во крвта.