Изгледа дека Софи Тарнер го исмејува сега веќе поранешниот сопруг, Џо Џонас. Имено, таа на неколку дена пред разделбата била фотографирана со алка на која пишувало „Mr. Perfectly Fine“ која ја носела на концертот на пејачот.
Ѕвездата од „Game of Thrones“ во своето барање за развод изјавила дека разделбата се случила „изненадно“ откако се скарале за 34-тиот роденден н а пејачот.
Тејлор Свифт ја објавила својата песна „Mr. Perfectly Fine“ во склоп на повторното преснимување на албумот „Fearless“
Се верува дека Џонас, кој накратко се забавуваше со Свифт (33) во 2008 година, е предмет на нападот. Интересно е и тоа што Тејлор и Софи деновиве биле излезени во Њујорк. Вечерале, а потоа останале во кафуле на пијалак до два часот по полноќ.