(Видео) Беше една од најголемите тинејџерски ѕвезди, а денес на 37 години изгледа непрепознатливо

Точка

25/09/2023

09:50

4.295

Големина на фонт

а а а

Актерката Миша Бартон беше една од најголемите тинејџерски ѕвезди во 2000-те, а гледачите најмногу ја паметат по улогата на Мариса Купер во серијата „Округот Оринџ“.

Поради бројни психички проблеми, Миша се повлече од Холивуд, а сега е откриено дека повторно се враќа на актерството и на телевизиските екрани.


Актерката се пофали со улогата во серијата „Neighbours“, сапуница која со години беше хит во Австралија, а сега повторно започнува ново снимање на истата.

Во серијата глумела и пејачката Кајли Миног, што била и една од причините поради кои Миша Бартон ја прифатила улогата откако била контактирана од страна на продуцентите.

По тој повод, Миша гостувала во емисијата „10NewsFirst“. Воедно, таму за првпат после толку години фановите имале можност да ја видат. Видеото од емисијата станало вирално, а на него се надоврзале многумина со коментари за проментана на 37-годишната актерка. Таа денес изгледа многу поразлично од тоа како изгледала кога била на врвот на славата.