Жизел Бундшен во „News Sunday Morning“ на „CBS“, една година по разводот со Том Брејди изјавила дека таа всушност не живеела додека биле во брак, туку само преживувала.
Целосниот разговор ќе се емитува утревечер на „CBS“, а ова е само тизер, кој го поттикнал Брејди да каже:
„Јас преживеав.“
Во најавата за телевизиското интервју Жизел изјавила дека во последната година се чувствува многу посреќна од порано.
„Сега можам да одбирам повеќе, сега имам избори, ми се чини дека сега можам да дишам со полни гради“, биле зборовите на супермоделот.
Жизел сепак признала дека не би променила ништо од своето минато, вклучително и разводот, кој се официјализирал во октомври 2022 година.
Манекенката и спортската легенда тогаш објавиле дека на нивната љубов дошол крајот, а додала и дека одлуката за разделбата воопшто не била лесна.