Леман соочен со психолошко вештачење, исекол покрив на соседска гаража и правел паркинг измами

Дерби

22/09/2023

16:18

2.885

Големина на фонт

а а а

Јенс Леман заработи многу пари за време на својата фудбалска кариера, но неговите соседи во Минхен очигледно не се пресреќни што имаат познат и богат сосед.

Германецот треба да одговара пред баварскиот суд поради неколку прекршоци, но истиот побарал психолошко вештачење за поранешниот голман, имајќи ги предвид анти-социјалните потези кои ги има направено.

„Билд“ пренесува дека Леман искористил електрична пила за да исече дел од покривот на гаражата на соседот, затоа што му бил попречен погледон кон блиското езеро, а правил и неочекувани паркинг измами.

Легендата на Арсенал го користел паркингот на аеродромот во Минхен при што неговиот автомобил останувал неколку дена и користел полнач за електрична енергија, но Леман излегувал низ рампите лепејќи се за други автомобили кои регуларно си ја платиле сметката.

Леман направил ваков прекршок неколку пати, а се расправал и со полицајци, кои го сопреле неговиот автомобил затоа што возачот зборувал на мобилен телефон зад воланот.