Поради оваа фотографија Меган и Хари го напуштиле кралското семејство? Кога ја погледнале, ја сфатиле бруталната порака

Точка

22/09/2023

12:02

11.603

Големина на фонт

а а а

Иако со месеци се шпекулираше дека принцот Хари и Меган Маркл, војводата и војвотката од Сасекс, не се во одлични односи со британското кралско семејство, сите беа изненадени кога тие решија да им го свртат грбот.

На почетокот на 2020 година, Хари и Меган објавија дека повеќе нема да ги извршуваат функциите на високи членови на семејството, односно нема да извршуваат кралски должности како претходно, а нивното повлекување популарно во медиумите беше наречено Мегзит.

Парот подоцна се пресели во Америка, но сè уште ги користат титулите што им ги додели покојната кралица Елизабета на нивната венчавка во 2018 година.

Во интервјуата и бројните исповеди кои потоа ги дадоа Хари и Меган, тие нашироко зборуваа за тоа од што сè биле незадоволни во Англија.


Меѓутоа, како што тврди еден кралски биограф, капката која ја прелеала чашата и ги убедила дека напуштањето на кралското семејство е правилна одлука била една фотографија.

Ендрју Мортон, авторот на познатата книга „Дијана: Нејзината вистинска приказна, со нејзини зборови“, објави и неавторизирана биографија наречена „Меган: Холивудска принцеза“ во која истакна дека принцот Хари и Меган Маркл чувствувале како кралското семејство упорно ги заобиколува.

Сè ескалирало кога, во првите денови од 2020 година, Бакингемската палата објави еден посебен портрет - на кралицата Елизабета и нејзините наследници.

Покрај кралицата, тука е и нејзиниот престолонаследник Чарлс, потоа неговиот постар син, принцот Вилијам, и најстарото дете на Вилијам, принцот Џорџ, односно првиот, вториот и третиот во редот за тронот во тој момент.


„Парот се посомневал дека целата институција заговарала против нив. Како што видоа тие, доказите беа насекаде наоколу. Тие го разбраа неизговореното - дека иднината на монархијата е обезбедена, со или без Меган и Хари“, напишал Ендрју Мортон во својата книга.

Само два дена по објавувањето на овој кралски портрет, војводата и војвотката од Сасекс објавија дека се повлекуваат од своите функции и сакаат да бидат финансиски независни. Тие додадоа дека ќе живеат на релација Обединето Кралство-Северна Америка, како и дека ќе продолжат да ја поддржуваат кралицата.

Парот потоа се пресели во Монтесито со синот Арчи и ја доби ќерката Лилибет, а додека Хари се враќа во Англија само за најважните прилики, неговата сопруга ја посетува уште поретко.



Спонзорирани линкови

Маркетинг